Дваесет години преполни со мигови убави од победи големи, прослави семејни, бизниси успешни, светли животни приказни, муабети бескрајни и спомени незаборавни, чаши високо кренати и мал милион порции храна со многу емоции и внимателност подготвени, денес одбележува најдобриот пица ресторан во централна Македонија, Ексклузив.
Спојувајќи ги совршено добро традиционалното и модерното, кавадаречкото и светското, гостопримството и професионалното, пица ресторан Ексклузив во овие дваесет години ја продолжува семејната традиција на фамилијата Велкови од 1984 година, на горд репрезент на она, кавадаречкото во светот на секој туѓинец, патник, намерник кој барем за миг се нашол во градот под Љубаш, но и иноватор за сите оние чиј немирен авантуристички дух ги тера да се во секојдневна потрага по нови вкусови.